
- Подобрување на физичките перформанси затоа што организмот го користи кафето како енергетски нутриент. Се препорачува пиење на кафе еден час пред тешка и напорна физичка активност.
- Кафето индицира поголема антиоксидантна активност од зелениот чај и какаото. Бројни студии го издојуваат кафето како примарен диетален извор на антиоксиданси.
- Го намалува ризикот за појава на дијабетес. Според студијата објавена во журналот за диабетес, лицата кои консумираат редовно кафе се во групата на низок ризик за појава на дијабетес и кардиоваскуларни болести.
- Ја подобрува мозочната функција, времето на реакција, краткорочната меморија и когнитивната функција.
- Го намалува ризикот за Перкинсонова и Алцхајмерова болест во подоцнежната животна фаза, а според написот објавен во научното списание Scientific American.
- Прави да се чувствувате посреќни бидејќи овозможува подигнување на расположението кое се должи на антоксидантното дејство кое го поседува, според одредени истражувања.
- Продолжен животен век според недамнешно медицинско истражување, лицата кои консумираат кафе се понеподложни на здравствени состојби како што се срцевите заболувања, висок холестерол и висок крвен притисок.
- Допринесува за намалување на телесната тежина забрзувајќи го метаболизмот за 3-11%.
- Го намалива ризикот за добивање рак на кожата. Медицинското училиште при Харвардскиот универзитет следел 112897 испитаници во период од 20 години при што е дојдено до заклучок дека лицата кои консумираат 3 или повеќе кафе напитоци се помалку подложни за развивање на рак на кожата во споредба со оние кои не консумираат кафе.