за нас
Посветени кон Квалитет
Нашата мисија е да понудиме стабилност во изборот, рачно собрано, природно обработено, микро пржено и квалитетно кафе. Специјалните видови на кафе се нашата пасија и би сакале да ја споделиме со сите љубители на малку поинакви кафе вкусови и ароми.
Кафето е нашиот занает, ритуал и пасија.
Свежо пржено кафе во секое време
Нашата цел е да ви понудиме свежо пржено кафе од различни региони во светот. На тој начин се овозможува кафето да блесне со спектар на ароми кои се карактеристични за поднебјето од кое потекнува. Кафето го пакуваме и испорачуваме во сите облици, од зрно, мелено за подготовка на еспресо, преку филтер и мока па се до најситно мелено за подготовка во ѓезве, познато како Турско или Арапско кафе.
нашата мисија
Да обезбедиме зрна од различни региони
Бразил, Колумбија, Етиопија, Кенија, Костарика се регионите кои се во моментов присутни во нашата понуда. Следете не за дополнителните региони кои ќе бидат наскоро на понуда во нашата продавница.