

PRO 400
Компактен Еспресо апарат со Heat exchange технологија
PRO 400 е компактен и моќен еспресо апарат со Е61 група и мал футпринт. Опремен со ротирачки вентили кои можат лесно да се одвртуваат благодарение на пружините во вентилот. Капачињата кои се во различна боја можат лесно да се менуваат и на тој начин апаратот да се вклопи во просторот окулу него.
Апаратот е опремен со прекинувач кој е сместен од долната страна и со него се контролира предефинирана температура на вода за екстракција како и контрола на ЕКО мод и преинфузија.
Технички карактеристики
- Систем на топлинска размена
- E61 група
- прекинувач за регулирање на температурата во бојлерот
- Програмибилен ЕКО Мод
- Трајни ротирачки вентили
- Висококвалитетни испусти за пареа и жешка вода
- Мерачи на притисок во бојлерот и пумпата
- 1.6 Л изолиран бојлер од нерѓосувачки челик
- Топлински елемент од нерѓосувачки челик
- Вибрациска пумпа
- 2.8 Л резервоар за вода со вграден адаптер
- Функција за автоматско исклучување при ниско ниво на вода
- Индикатор за ниско ниво на вода
- Потрошувачка EU, UK, CH, AU: 230V/1400 W US: 115 V/1400 W
- Тежина 21,5 кг
- Димензии (WxDxH): 228 x 448 x 372 mm

Вклучено во испораката
| Портафилтер со еден испуст |
| Портафилтер со два испуста |
| Филтер корпа за единечна доза |
| Филтер корпа за двојна доза |
| Слепа корпа за повратно чистење |
| Тампер |
| Четка за чистење |
| Силиконско црево за филтер за вода |
| Упатство за користење |